Во општините од југоистокот редовно се наводнуваат посевите на над 3.000 хектари

Од:

Наводнувањето на земјоделските посеви на југоистокот од земјава се одвива редовно и покрај врнежливата сезона, потврдија денеска од подружницата „Јужен Вардар“ од Гевгелија која се грижи за наводнување во општините Гевгелија, Богданци и Валандово.

Со системите за наводнување преку хидромелиоративните системи Конска Река, Паљурци и Валандово се наводнува земјоделско земјиште на површина од 3.021 хектар во сопствеништво на 1.192 корисници кои потпишале договори со гевгелиската подружница на АД Водостопанство на РМ.

– Пред почетокот на сезоната беа извршени сите неопходни подготовки, пред се контролата на системите за наводнување при што беа отстранети сите дефекти. Покрај тоа извршивме чистење на каналската и цевководната мрежа и на браздите во должина од 260 метри. Целосно беа исчистени и бетонските и главните канали на ХМС Конска река во должина од 570 метри, на ХМС Удово во должина од 950 метри и на браната Паљурци, рече директорот Ристо Ѓуров.

За да се овозможи редовно и навремено наводнување на посевите, нагласи Ѓуров, за време на сезоната биле санирани бројни дефекти на мрежата за наводнување.

Би можело да ве интересира

Оризопроизводителите реагираат дека откупувачите не го почитуваат договореното

А1он

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година