На малата сцена во Македонската опера и балет на 5. февруари премиерно ќе биде изведена комичната опера „Аптекарот“ од Јозеф Хајдн, во режија и сценографија на Уши Хорнер од Австрија.
Диригент на претставата е Виктор Митровски, изборот на костими е на Марта Трендафилова.
Во улогата на Семпронио ќе настапи Дејан Стоев, а играат и Билјана Ѓуровска (Грилета), Јане Дунимаглоски (Менгоне) и Николина Јаневска (Волпино).
Претставата репризно ќе биде изведена на 6. февруари.