400 евра за пратениците кои ќе одлучат да изнајмат стан

Од:

На денешната седница на Комисијата за избори и именувања беше донесен предлог за доделување на паричен надомест од 400 евра за пратениците кои ќе одлучат да изнајмат стан во Скопје. Пратениците имаат избор или да изнајмат стан или пак да патуваат со намалените парични средства како надомест за патните трошоци.Оние пратници кои ќе одлучат да изнајмат стан, ќе им бидат дозволени парични средства од буџетот на Собранието за патни трошоци само за викенди и празници.

Оние пратеници пак кои ќе одлучат да патуваат со свој автомобил, паричните средства за патни трошоци ќе им биде намален од 30 на 20 отсто, а патарините мора да ги плаќаат електронски односно со новите картички кои ги издава Македонија пат, или пак со сопствени картички за кои подоцна покрај фискалната сметка ќе мора до Собранието да поднесат и печатена потврда со потпис како доказ за платена патарина.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање