А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Зоре Темелковски предложен за член на Комисијата за доделување на спортската награда 8 септември

by А1он27/08/2018 - 16:471534
Share0

Зоре Темелковски, спортски работник и татко на актуелниот градоначалник на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски денеска на Комисијата за избори и именувања по предлог на СДСМ беше предложен за член на одборот за доделување на спортската награда 8 септември.

Добивај вести на вибер

На овој предлог остро реагираше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Трајче Димков кој рече дека владејачката СДСМ се обидува да ја партизира најчистата работа која остана во државата по што побара Темелковски да биде одземен од листата, но предлогот беше одбиен.

-Едниот син е градоначалник, другиот е спортски директор на КФМ, дали само семејството Темелковски треба да бидат во спортот. Зошто покрај толку истакнати спортисти баш Зоре Темелковски да биде член на одборот. Зошто и ова што беше најчисто треба да се извалка, запраша Димков.

Од листата на кандидати за членови на одброто беше тргнат докторот и алпинист, Јовица Угриновски, а на негово место по предлог на пратеникот Ејуп Алими ќе биде поставен Шабан Трстена, албански борец.

Претседателот на Комисијата, Илија Димовски реагираше на одлуката на членовите на Комисијата, Зоре Темелковски да биде во одборот, а Угриновски да биде тргнат велејќи дека вредносниот систем во Македонија е измешан со години.

Виктор Јованов

sobranie

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Горан Наумовски05/03/2026 - 11:45

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:49

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:36

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Горан Наумовски25/02/2026 - 15:54

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски19/02/2026 - 14:5019/02/2026 - 14:50

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Катерина Ѓуровски18/02/2026 - 12:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен