Возачот на Ферари, Себастијан Фетел, победи на трка за Големата награда на Белгија.
За Фетел ова е петта победа сезонава и ја прекина серијата победи на возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, кој на патеката „Спа“ заврши на втората позиција.
Иако Хамилтон стартуваше од пол-позицијата, возачот на Ферари на стратот од трката успеа да добие предност, што на крајот се покажа како одлучувачкa.
Трет трката ја заврши возачот на Ред Бул, Макс Верстапен.
Стартот на денешната трка го одбележа и инцидентот во првиот свиок, во кој настрадаа Лекрерк, Хулкенберг и Алонсо, поради што излезе безбедносното возило. Во првиот свиок се судрија и Рикардо и Раиконен, поради што и двајцата не ја завршија трката, иако првично се вратија на патеката.
Со оваа победа Фетел останува на второто место во генералниот пласман со 214 бодови, а Хамилтон ја задржа водечката позиција со 231 бод.