Камбоџанците денеска се простија од својот поранешен крал Нородом Сиханук со погребна процесија по улиците на престолнината Пномпен, пренесоа американските медиуми.
Жителите на Камбоџа покажаа дека и натаму длабоко да го почитуваат покојниот монарх, а многумина плачеа додека позлатената кола со неговите посмртни останки се движеше кон крематориумот.
Процесијата беше следена од половина милион лица.
Меѓу оплакувачите беше и кралот Нородом Сихамони, син на покојниот монарх, во чија корист тој абдицира во 2004 година.
Камбоџа е уставна монархија и кралот има мали овластувања.
Кралот Нородом Сиханук почина во Пекинг, на 15 октомври минатата година, на 89-годишна возраст. Неговото тело ќе се кремира во понеделник, со што ќе заврши седумдневната жал за поранешниот крал.
Покојниот монарх беше значајна фигура во историјата на земјата во текот на 20. век. Тој ја предводеше Камбоџа при здобивањето на независноста од Франција во 1953 година и за време на Виетнамската војна, кога преживеа под крвавиот режим на Црвените кмери.