Пристигна Блекбери 10

Од:

Канадската компанија „Рисрч ин Моушн“ РИМ го претстави новиот Блекбери 10 кој има целосно нов оперативен систем и нов хардвер.

Новиот Блекбери 10 е претставен во црна боја со многу елегантен дизајн.

Извршниот директор Торстен Хеинс истакан дека тоа е најубавиот Блекбери што некогаш е претставен. Телефонот има специјално дизајниран екран осетлив на допир, што овозможува јасна и остра слика. Блекбери 10 има и одлична ХД камера.

За време на прес конференцијата за претставувањето, Хеинс објави дека нов глобален креативен директор на компанијата е популарната појачка Алиша Кис.

– Фасцинирана сум од технологијата. Отсекогаш сум сакала директно да работам со вакви компании, изјави Кис, пренесува „Мешабле“.

Пејачката на платформата ќе работи заедно со програмерите, како и со други уметници. Кис на својот Твитер профил објави дека е многу возбудена околу новата соработка.

Би можело да ве интересира

4iG ги поттикнува иновациите и растот како лидер на пазарот во мобилните телекомуникации

Горан Наумовски

На мобилен месечно зборуваме по 3,5 часа, на фиксен половина час

Ана Ололовска

A1 Македонија ќе ги доставува месечните сметки електронски до корисниците

Ана Ололовска

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Во првиот квартал 1,9 милиони претплатници во мобилната телефонија

Ана Ололовска

Во мобилната телефонија 1,969 милиони претплатници

Ана Ололовска