„Мудис“ ја намали инвеститорската доверба на Хрватска до шпекулативно ниво

Од:

Меѓународната рејтинг генција „Мудис“ ја намали инвеститорската доверба на Хрватска до нивотот Ба1 од претходното Баа3, со што земјата е ставена во категоријата на шпекулативни инвестиции, но нејзината перспектива е променета на стабилна, наместо на негативна, каква што беше досега.

„Мудис“ ја појасни својата одлука со „недостигот на економската обнова на Хрватска“ како и поради тоа што не очекува “значително подобрување во ситуација, кога растот се соочува со структурни препреки“.

Агенцијата утврдила исто така и „недостиг на буџетската консолидација во контекст на економските потешкотии“, како и ранливост на земјата кон економските удари.

По четири години слаб раст и рецесија, економијата на Хрватска се уште нема нови извори на раст, додава „Мудис“.

Според агенцијата економскиот модел на Хрватска е заснован на внатрешната побарувачка и градежништвото и сега е во застој, а инвестициите и извозот постојано се соочуваат со препреки.

Стабилната перспектива значи дека „Мудис“ повеќе не планира да ја намалува својата оценка, со оглед на тоа што „ризикот од влошување на буџетската состојба на Владата се уште е многу ограничен“.

Агенцијата „Стандард енд Пурс“ во декември го намали кредитниот рејтинг на Хрватска од БББ минус на ББ плус, поради недостигот на реформи и влошувањето на буџетската состојба.

Хрватската економија не забележала раст од 2009 година и повторно падна за околу 1,1 отсто во 2012 година. Оваа година Владата очекува раст од 1,8 отсто, но според Светската банка зголемувањето на БДП ќе изнесува 0,8 отсто.

Невработеноста во Хрватска, која на 1 јули треба да стане 28 земја-членка на ЕУ, на крајот на минатиот месец изнесуваше 21,1 отсто, што е највисоко ниво во изминатите две години.

Би можело да ве интересира

Најмалку две лица загина во сообраќајка во Хрватска

Сообраќајна несреќа во Хрватска, неколку лица загинаа, има и повредени

Две сестри тргнаа на свадба, починаа во сообраќајка

А1он

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин