Општина Крива Паланка објави конкурс за стипендирање талентирани ученици и студенти

Од:

Четворица средношколци и четворица студенти од Крива Паланка кои учат и студираат во училиштата и на факултетите во Република Македонија во учебната-студиската 2018/2019 година ќе добијат стипендии од општината.

Локалната самоуправа на Крива Паланка распиша конкурс во кој претстојната учебна година ќе додели по четири стипендии за талентирани средношколци и четири за студенти, во висина од 3.000 денари месечно, а ќе се исплатува девет месеци во годината.

Право на стипендија имат кандидатите кои учат и студират во училиштата и на факултетите во Република Македонија, а се редовни ученици од средно образование кои во досегашното школување имаат континуиран одличен успех од 4,5 или редовни студенти кои во претходните години на студии постигнале просечен успех над 8,5.

Кандидатите аплицираат со награди за поединечно освоено прво, второ или трето место на меѓународни, државни, регионални и општински натпревари од областа на науката, техниката, култура, уметност, односно област соодветна на нивното образование. За учениците и студентите од прва година аналогно ќе се земат предвид досегашниот успех во образованието и добиените награди.

Во бодувањето, покрај успехот на кандидатите ќе се земат предвид и месечните примања по член на семејството во однос на просечно исплатена месечна нето плата по вработен во Република Македонија за последните три месеци.

Сите кандидати треба да се жители на општина Крива Паланка, да се државјани на Република Македонија, да се редовни ученици/студенти кои не повторувале година, да не се корисници на стипендија или кредит од други установи, институции или компании и студентите да не се постари од 25 години.

Барањата со потребните документи се доставуваат до општина Крива Паланка од 24 септември до 5 октомври.

Потребните обрасци за аплицирање, како и детални информации за конкурсот се достапни во општина Крива Паланка или на веб-страницата на општинатаwww.krivapalanka.gov.mk.

Би можело да ве интересира

Тројца насилници од тераса турнале познаник

Предметот за загадувањето на Крива Река ќе го преземе Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Спасовски: Градоначалникот на Крива Паланка шири паника и манипулира пред избори

ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот на Крива Паланка кривично да одговара за лагите

Горан Наумовски

Тројца мажи од кривопаланечкото село Луке убиле соселанец, па го закопале во дупка

ДОМ: Градоначалникот на Крива Паланка да поднесе кривична пријава до обвинителство за кривично дело екоцид