ВМРО-ДПМНЕ: Нашата борба е за зачувување на националниот идентитет, јазикот и култура, од обезличувањето кое го прави СДСМ

Од:

Денеска делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Димовски, по повод 23-ти Август, денот на ослободувањето на Берово од фашистичкиот окупатор, положи свежо цвеќе на Споменикот на паднатите борци во Народно ослободителната борба.

– Нашите предци ги даваа своите животи за да ја ослободат Македонија од надворешниот окупатор, се бореа за независна и суверена Македонија. Нашата генерација денеска има друга борба, против внатрешниот окупатор, олицетворен во СДСМ. Денеска имаме борба за зачувување на националниот идентитет, јазикот, културата. Имаме борба за зачувување на Република Македонија од обезличувањето кое го прави СДСМ преку предавничкиот договор со Грција. Ние, како македонски народ, сме должни да ја зачуваме Република Македонија. Должни сме заради нашите предци, заради нас и нашите поколенија. Македонија ќе победи – изјави Димитар Димовски.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче