Јужна Кореја ќе продолжи да се залага собирите на семејствата разделени во Корејската војна (1950-53), да стануваат се почести, истакна јужнокорејскиот министер за обединување, Чо Мјунг-ѓун.
Токму деновиве на планината Кумганг, на севернокорејското источно крајбрежје се одржува една таква масовна средба на над 80 Севернокорејци кои имаат свои роднини во соседната земја. Последниот ваков организиран настан се случи во октомври 2015 година.
Лидерите на двете Кореи, Мун Џае-ин и Ким Џонг-ун следниот месец ќе разговараат за долго планираното формирање на канцеларија што ќе биде задолжена за овие средби.
– Јужнокорејската Влада не смета дека дека таквата канцеларија за врски ќе претставува кршење на меѓународните санкции кон Северна Кореја, изјави Чо.