Започна пријавувањето на учесници за годинашната отворена забавна фудбалска школа „Опен фан фудбал Кратово 2018“, а организаторите ги повикаа сите дечиња од 6 до 12 години да се пријават најдоцна до понеделник, 27 август.
На школата право на учество имаат девојчиња генерација 2006-2012 и момчиња родени 2008-2012 година.
– Пријавуавњето трае, сите заинтересирани за учество во забавните школи потребно е да потполнт пристапница кај тренерите со согласност од родител. И годинава ќе имаме петдневно дружење, на први и втори септември, како и на осми и деветти, додека еден ден ќе биде ревервиран за гостување во Македонска Каменица, кај нашите соработници, за време на одржување на нивната школа.Педесетина дечиња , пак, од Македонска Каменица ќе гостуваат на првиот ден на нашата школа, истакна Антонио Насевски, лидер на „Опен фан фудбал Кратово“.
Школата ќе отпочне на 1 септември 2018 година, а ќе се одржи на спортските терени на комплексот Мусала во Кратово.
– Ќе имаме комбинирани тренинзи, наутро и навечер, со дополнително едукативен сегмент, следење младински тренинзи и натпревари на фудбалерите од градот. Благодарност до ФК „Силекс“, кој ги отстапува терените, како и до бројните поддржувачи на спортот, на општествено договорните компании и институции кои активно се вкулучени во целокупната организација на школата, додаде Насевски.
„Опен фан фудбал 2018“ во општина Кратово е поддржана од градоначалникот, Љупчо Бојаџиев, кој со поддршка на младите и спортот во градот ја продолжи долгогодишната традиција на одржување на школата.