Охрид: Во сендвич пронашла тврд предмет

Од:

Охриѓанка во сендвич, купен во продавница за бели печива, пронашла тврд предмет за кој не можела да утврди од што потекнува.

Таа за среќа бргу го исплукала предметот, иако многу лесно можела истиот да го проголта. Охриѓанката го фотографирала со цел да ја запознае јавноста што се јадеме од охридските продавници.

„Ова го испраќам за никогаш повеќе да не се повтори. Што ќе се случеше ако овој тврд предмет го прогалтав и стигнеше до желудникот”, вели оваа охриѓанка која не сакаше да го открие името на продавницата.

Разно-разни предмети од стакло, дрво па дури и инсекти граѓани во последниов период пронааѓаа во леб и други бели пецива. Ова само го потврудва фактот дека надлежните инспекциски служби преку зачестени контроли треба да испитаат какви прозиводи конзумираат македонските граѓани.

Би можело да ве интересира

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Пецаков најавува старт на реконструкцијата на Холандскиот парк во Охрид

Филипче: Со чесна и посветена работа Асен Шајн ќе го врати сјајот на Охрид

Охриѓанец го запалил глисерот на брат му, огнот зафатил и зграда

Катерина Ѓуровски

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник

Уапсен маж осомничен дека предизвикал пожар, кај него е пронајдена запалка тврди полицијата