Легендарниот порно актер Рон Џереми се наоѓа во критична состојба по проблеми со срцето.
Џереми е примен во болницата „Седарс Синај” откако се пожалил на силни болки во градите, пренесува ТМЗ.
Откако ситуацијата му се влошила, бил опериран, а лекарите утврдиле дека се работи за срцева анеуризма.
Рон Џереми во својата кариера снимил над 2.000 порно филмови, а се обидел и како режисер во истиот жанр, па 200 филмови за возрасни го носат неговиот потпис.
Се појавувал и во други филмови, како и во неколку хумористични ТВ серии.