Програма што го имитира вашиот глас

Од:

Кинеската технолошка компанија Баиду создаде софтвер што може да имитира човечки глас, по анализа на истиот од само неколку секунди. Програмата го користи принципот на невронски мрежи и може не само да ни го изимитира гласот, туку и да направи да звучиме како спротивниот пол или пак, да ни даде друг нагласок.

Во досегашните обиди, истражувачите имаа успех на тоа поле, но со анализирање на многу поголеми „мостри” гласови. На пример, фирмата Адоби го има софтверот Во-Ко, кој може да го имитира гласот по 20-минутна аудио анализа. Канадската Лајлбрд програма го прави тоа за една минута.

Баиду го сведе тоа време на неколку секунди, па сега родителите навистина треба да бидат загрижени, оти нивното дете може да си извади оправдание за отсуство од училиште, на пример.

Постојат и посериозни можности за злоупотреба, но секако, програмата има и многу предности.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска