Пратениците се враќаат на работа

Од:

По летниот одмор, пратениците од денеска се враќаат на своите вообичаени активности во Собранието.

Во текот на оваа недела се очекува да бидат соопштени и информации за тоа дали и како на пратениците и пратеничките групи ќе учествуваат во јавната кампања за референдумот, но и тоа дали Собранието, како овластен предлагач, со свои претставници ќе ја набљудува работата на изборните органи што ќе го спроведуваат референдумот на 30 септември.

За денеска на собраниската веб-страна е закажана седница на Комисијата за економски прашања, а за 29 август, пак, 58. пленарна седница. До средината на неделата се очекува и првата координативна средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со координаторите на пратеничките групи.

На дневен ред на Комисијата за економски прашања е Годишниот извештај за Комисијата за заштита на конкуренцијата 2017 година.

Засега за 58. собраниска седница на дневен ред се ставени 19 точки, претежно измени на закони во прво читање.

На последната средба со новинарите на 31 јули претседателот на Собранието Џафери кажа дека после одморите треба да се очекува, Собранието да ги избере членовите на неколку второстепени комисии кои останаа без своите први луѓе по нивното разрешување, но исто така да биде избран и директор на ОТА.

Во септември се очекува да финализираат измените на Деловникот на Собранието на Република Македонија на средба во рамки на Жан Моне процесот на која треба да присуствуваат и тројцата европратеници.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање