Приведен насилник кој се обидел да силува гостиварка

Од:

Дваесет и деветгодишен државјанин на Република Албанија, рано утрово е лишен од слобода под сомнеж дека се обидел да силува гостиварка.

Според СВР Тетово, утрово неколку минути по полноќ 48-годишна гостиварка во полиција пријавила дека непознато лице се обидело да изврши полов напад врз неа во влезот од зградата во која живее. Во моментот кога влегла во влезот од зградата, по неа влегол и непознатиот маж ја фатил за рака и ѝ упатувал вулгарни зборови.

Откако се созела почнала да се брани и успеала да ја отвори вратата од зградата и притоа го истуркала напаѓачот. По нејзините повици за помош, непознатиот побегнал.

По пријавата гостиварската полиција го нашла Ј.К. (29) за кого има основано сомнение дека е сторител на делото и е задржан во полициска станица до расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Силувано е 12 годишно девојче во Битола – ОЈО води истрага за 36 годишник

А1он

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Пензионер од гевгелиско село силувал 14-годишно дете

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

Тетовец силувал 15-годишно девојче, мајка и молчела поради љубовна врска со него