Бабиш ја повика ЕУ да ги затвори границите за мигрантите

Од:

Чешкиот премиер Андреј Бабиш повика на построга политика кон мигрантите и бегалците во Европската унија.

– Прво треба да испратиме јасен сигнал, дека Европа е затворена и дека повеќе никој не може да доаѓа тука, истакна Бабиш за весникот „Право“.

Според него, пораката на Европа за бегалците треба да биде „седете си дома и ќе ви помогнеме таму“.

– Пораката треба да не биде двосмислена. Ако сум рекол дека нема да прифатиме ниту еден илегален мигрант, значи тоа ќе се случи, потенцираше Бабиш.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница