Телеграма од премиерот Заев по повод смртта на поранешниот генерален секретар на ОН, Кофи Анан

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев упати телеграма со сочувство за загубата на поранешниот генерален секретар на Обединетите Нации (ОН), Кофи Анан, до актуелниот генерален секретар на ОН, Антонио Гутереш.

– Да продолжиме да работиме кон подобро организиран и помирен свет и на овој начин ќе ја оддадеме најголемата почит за големиот визионер, лидер, нобеловец и пред сѐ човек, поранешниот Генерален секретар на ОН, Кофи Анан. Длабоко жалиме за загубата на Кофи Анан, како и целиот свет, изразуваме искрено сочувство до вас во Обединетите Нации, како колеги, до неговото семејство, но и до сите граѓани кои ја почитуваа и вреднуваа неговата работа како миротворец и борец за човековите права за сите луѓе, се наведува во телеграмата од премиерот.

Тој, истовремено потсетува дека големите луѓе, како почитуваниот поранешен Генерален секретар на ОН, Анан, кои го посветиле својот живот на доброто во светот, остануваат да живеат во истиот тој свет преку делата со коишто придонеле за доброто во него.

– За граѓаните на Република Македонија, Кофи Анан ќе остане запаметен како вреден пријател, поради неговиот придонес во демократскиот развој на државата, нејзиното меѓународно етаблирање и неговите заложби за обезбедување перспективна иднина на нашата држава и нашите граѓани во големото семејство на рамноправни народи и држави во светот. За сето тоа остануваме засекогаш благодарни. Нека почива во мир“, се наведува во телеграмата со сочувство од премиерот Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев