Отворен ден на АРМ за граѓаните

Од:

По повод одбележувањето на Денот на Армијата на Република Македонија – 18 Август, денеска на воениот стадион во Градскиот парк во Скопје од 10 до 14 часот ќе биде поставена изложба на борбени средства, техника и опрема на АРМ, збогатена со голем број активности на припадниците на Армијата.

Граѓаните се поканети да го посетат тактичко-техничкиот збор, каде ќе имаат можност покрај материјално-техничките средства, борбените возила и вооружувањето на АРМ, да се запознаат и со армискиот хеликоптер Ми-8/18.

Како дел од програмата ќе бидат прикажани и борбените вештини на припадниците од баталјонот за специјални намени „Волци“ ,точката „Егзирцир“ на баталјонот за почести, прелетот на хеликоптерот Ми-8/18, приказот на обученост на службените кучиња на АРМ и изведбите од воениот оркестар.

Посетителите ќе имаат можност да дегустираат војнички приготвен грав од припадниците на логистичката бригада или да проверат крвен притисок од страна на припадници на Воено-медицинскиот центар.

Изложбата на воениот стадион ќе ја посетат министерката за одбрана Радмила Шекеринска и началникот на ГШ на АРМ генерал мајор Васко Ѓурчиновски.

Во рамки на одбележувањето на Денот на АРМ вчера во Министерството за одбрана се одржа централна свеченост на која говореа претседателот и врховен командант на вооружените сили Ѓорге Иванов, министерката Шекеринска, а беа доделени одликувања, унапредувања, благодарници и награди за припадниците на АРМ.

На церемонијата беше извршено примопредавање на функцијата началник на Генералштаб на Армијата. Досегашниот Методија Величковски е заменет со генерал мајорот Васко Ѓурчиновски.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: Условот од два отсто од Буџетот за одбрана е исполнет, 32 отсто одат на модернизација

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски