Прилеп одбележа 116 години од раѓањето на Ченто

Од:

По повод 116-годишнината од раѓањето на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто, претставници на локалната самоуправа, на Сојузот на борците, политички партии и здруженија на граѓани, положија цвеќе и се поклонија пред споменикот на Ченто во центарот на Прилеп, оддавајќи му почит на заслужниот македонски деец.

Според Елена Ташкоска, советник во општинскиот совет, Ченто е една од најмаркантните личности во македонската историја.

– Одбележувајќи ја 116-годишнината од раѓањето на првиот Претседател, Методија Андонов Ченто, оддаваме достојна почит кон неговиот лик и дело, рече Ташкоска.

Историчарот Рубин Белчески последниве години работи на проектот „Ченто-биографија низ фотографија“, а минатата година ја промовираше изложбата на истата тема со која се претстави во речиси сите градови во земјава.

– Го најавувам новиот проект на кој работам во моментот, а тоа е „Фотомонографија“, во која ќе бидат собрани сите фотографии за Ченто, како и хронологијата на настаните поврзани со неговиот лик и дело. Оваа значајна личност од историјата на македонскиот народ, целиот свој живот го помина во борба за самостојна и суверена Македонија. „Фотомонографијата“ е во програмата на Министерството за култура и ќе претставува заокружување на истражувањето за една од најзначајните личности во историјата на македонскиот народ, рече Белчески.

Методија Андонов – Ченто е роден 17 август 1902 година во Прилеп, а
починал 1957 година. Неговата биографија бележи значајна политичка активност уште пред почетокот на Втората светска војна. За време на војната, во 1942 година е интерниран во логорот „Чучулигово“, во близина на Петрич, а по ослободувањето од интернација бил повикан од Главниот штаб на НОБ и ПОМ да се приклучи во Народно-ослободителната војна. По основањето на иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ, на Првото Собрание на 2 август 1944 година, тој е избран за негов претседател.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Попоски: На Прилеп му се случува невидена градежна офанзива, ама неа се уште никој не ја видел

Горан Наумовски

Во Прилеп свечено отворен 59. МТФ „Војдан Чернодрински“

Предраг Петровиќ

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Маж падна во провалија, со тешки повреди згрижен е во прилепската болница

Пламна пожар во стан во Прилеп, две жени завршија во болница

Финансиска полиција ја тресе прилепската болница