Во кумановската касарна „Боро Менков“ одбележан Денот на АРМ

Од:

Со воена свеченост во касарната „Боро Менков“ во Куманово денеска беа одбележани 26 години од формирањето на АРМ.

На присутните им се обрати заменик-началникот на штабот на Здружената оперативна команда, полковник Жикица Јовановски кој се осврна на почетоците на формирањето на Армијата и активностите кои таа ги преземаше низ годините.

– Во наредниот период потребно е да се останеме фокусирани кон исполнување и одржување на високите професионални стандарди, како што се обученоста и извежбаноста на персоналот и единиците за исполнување на уставната обврска, но во истовреме да обезбедиме интероперабилни и борбено способни капацитети за исполнување на проектираните обврски на патот кон полноправно членство во НАТО и ЕУ, рече полковник Јовановски.

Пред присутните беа прочитани телеграмите со честитки, а беа наградени и унапредени припадници на АРМ. Присутните градоначалници на општините од североисточниот регион, од институциите, установите, граѓаните на денешното одбележување на 18-август имаа можност да разгледаат и дел од опремата и вооружувањето со кое располага АРМ.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он