Одбележување на Денот на АРМ, државниот врв пред МО

Од:

Во присуство на државниот и армискиот врв, претставници на дипломатскиот кор и други видни личности денеска пред Министерството за одбрана ќе се одржи централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата на Република Македонија.

Свои обраќања ќе имаат претседателот на државата и врховен командат на вооружените сили Ѓорге Иванов и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Претседателот со Орден за воени заслуги ќе ги одликува првиот механизиран пешадиски баталјон од првата механизирана пешадиска бригада и баталјонот за врски, а ќе бидат прочитани и наредби за унапредување на старешини во највисоки офицерски чинови, ќе бидат врачени плакети, значки, благодарници за соработници и организации со кои соработуваат МО и АРМ.

На свеченоста од страна на министерката Шекеринска и началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски се поканети претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, министри во Владата, пратеници во Парламентот, поранешни министри за одбрана и началници на ГШ на АРМ, пензионирани генерали на АРМ, амбасадорите и воените аташеа акредитирани во Република Македонија, високи гости од повеќе институции.

На градските гробишта во Бутел во Скопје изутринава повеќе делегации со воени почести ќе положат венци со свежо цвеќе на партизанските гробишта, на гробот на загинатиот претседател Борис Трајковски, поранешниот претседател Киро Глигоров и на гробот на генерал Михаило Апостолски.

Почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од артилериски орудија ќе се изврши вечерва во 19 часот во касарната „Илинден“ од страна на единица на артилерискиот баталјон на АРМ, по повод Денот на Армијата. Претходно, во периодот од 15 до 18 часот ќе се изврши пробна артилериска стрелба со еден истрел од шест артилериски орудија.

Би можело да ве интересира

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски

Оброците за АРМ се 100% исправни, соопшти фирмата која ја подготвува храната