(ВИДЕО) Ѓорѓиев: Кога криминалот и корупцијата стануваат пракса, науката и образованието страдаат

Од:

„Кога криминалот и корупцијата стануваат пракса во работењето на  власта, науката и образованието од приоритет се запоставуваат и страдаат. Република Македонија  доживеа уште  еден пораз, ниту еден универзитет во државата не се најде во првите илјада на Шангајската листа.

Универзитетите од целиот регион се наоѓаат во првите илјади универзитети на оваа листа. Според оваа листа универзитетите во соседството како Белград, Атина, Љубљана, Софија, Солун, нудат далеку подобро образование од нашите“, рече Филип Ѓорѓиев, ВМРО-ДПМНЕ.

„Државата наместо да оди напред, оди назад. Власта се однесува индолентно и е целосно неспособна.

Негрижата и немањето на стратегија во високото образование, немотивираноста на наставниот кадар, експериментирањето и политизацијата на образованието се главните причинители за овие лошите резултати.

Со вакво неквалитетно образование не  се оди во ЕУ, со вакво неквалитетно образование се загрозува иднината на Република Македонија. Младите се најголемата  жртва на неодговорните политики на СДСМ. Власта ги уништува идните генерации и им го одзема правото на  квалитетно образование.

Образованието стагнира, СДСМ се што вети излажа. Ветуваа подобро образование, добивме образование на дното во светот. Ветуваа подобар студентски стандард и инвестиции во образовната инфраструктура, факултети, институти и студентски домови, а сега гледаме дека за ништо од тоа нема одвоено средства.

Власта која ветуваше студентски град, нема поставено една цигла во студентските домови во државата. Откако СДСМ  е на  власт ниту една инвестиција не е реализирана во образованието.

Не смееме да дозволиме образованието да биде жртва на неодговорноста на СДСМ. Оваа власт мора да си оди.

ВМРО-ДПМНЕ во идниот период ќе понуди голема авангардна програма за сите млади во Република Македонија.

Република Македонија заслужува повеќе, заслужува образование со универзитети кои ќе бидат во првите 500 во светот, Македонија е извор на знаење и компетенции. За да тоа се случи оваа власт мора да падне“, изјави Филип Ѓорѓиев.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ