НР Кина ќе продолжи да ги поддржува политиките на Владата на Република Македонија за подобрување на состојбите во областа на образованието, како од аспект на унапредување на квалитетот на наставата и понудата на повеќе образовни можности за граѓаните, така и од аспект на унапредување на инфраструктурните услови.
Оваа потврда ја доби министерот за образование и наука Арбер Адеми од кинескиот амбасадор Јин Ликсиан, на нивната денешна средба, соопштија од МОН.
Адеми рекол дека граѓаните на Македонија ги ценат можностите кои им ги овозможува Кина да добиваат стипендии за студиски престои на тамошните универзитети.