Во штипскиот регион расте бројот на пожарите на отворено

Од:

Во штипскиот регион заврши жетвата на житните култури, но почнаа пожарите на отворено, алармираат штипските пожарникари. Командитор на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ)-Штип, Тони Атанасов вели дека за само една недела имале вкупно десет интервенции, а од кои седум се на отворено. Пожарникарите гаснеле запалени стрништа во атарите на Карбинци, Лакавица и Калимерово.

– Временските прилики или неприлики си го прават своето и опасноста од појава на вакви пожари е значително поизразена. Јас би апелирал до нашите сограѓани, пред се до земјоделците и оние кои се движат низ шума, да внимаваат каде фрлаат отпушоци и да не ги палат стрништата, вели Атанасов.

Тој апелира граѓаните кога ќе забележат пожар на отворено веднаш да се јават во противпожарната единица.

– Многу е важно при палењето или кога ќе забележат пожар, моментално да ја информираат ТППЕ, бидејќи секоја секунда ни е многу значајна и навременото стигнување на местото на пожарот значи помали последици, односно помали штети, рече Атанасов.

Во овој период забележано е и зголемување на бројот на запалени возила, за среќа нема повредени и човечки жртви, но штетите за сопствениците на возилата се големи.

Би можело да ве интересира

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип