Македонските универзитети и годинава ги нема на Шангајската листа

Од:

Македонските универзитети и годинава не се рангирани на Шангајската листа на најдобри универзитети во светот.

На листата на Академско рангирање на светски универзитети за 2018 година објавена денеска, се наоѓаат илјада универзитети. На прво место 16-та година по ред е Универзитетот Харвард, на второ Стенфорд од САД, а на трето британскиот Универзитет Кембриџ, пренесува МИА.

Следните десет најдобри универзитети се МИТ, Беркли, Принстон, Оксфорд, Колумбија, Калтеч и Чикаго.

Универзитетот Цирих, кој е на 19. место, останува да биде најдобро рангиран во Европа, а Копенхашкиот универзитет е второ место, односно на 29. на Шангајската листа.

На трето место во Европа е Универзитетот Сорбона, кој е 36-ти на листата најдобро рангирани високообразовни институции.

Од земјите во регионот, најдобро рангирани се универзитетите во Белград и во Атина, кои се меѓу 300 и 400 место, а Љубљанскиот, Солунскиот „Аристотел“ и Атинскиот технички универзитет се позиционирани меѓу 400 и 500 место.

Универзитетот во Марибор и Загрепскиот универзитет се меѓу 500 и 600 место. На Шангајската листа е рангиран и Софискиот универзитет меѓу 900 и 1000 позија.

Шангајската листа што секоја година ја објавува универзитетот Циао Тонг од Шангај е една од највлијателните листи која ги рангира најдобрите универзитети во светот.

Клучни критериуми за рангирање на универзитетите, меѓу другото, се бројот на објавени научни трудови во меѓународни списанија, бројот на добитници на Нобелови награди и Филдсови медали кои студирале на универзитетот или работат таму.

Би можело да ве интересира

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето

(ВИДЕО) Митева: Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46 отсто

Горан Наумовски

Филипче: Само 5% покачување плати за наставниците е обид да се намали гневот

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците