НВИДИА официјално ги претстави првите графички-карти со технологијата „Тјуринг“

Од:

НВИДИА ги претстави високо очекуваните хардверски производи со новата графичка технологија „Тјуринг“. Ова е првото сериозно ажурирање од официјалното започнување на „Паскал“ архитектурата во 2016 година. Лично шефот на НВИДИА, Џенсен Хуанг го покажа официјално новиот хардвер кој самиот тој го опиша како „најважната иновација во областа на компјутерската графика по деценија“. Графичките-картички со архитектурата „Тјуринг“ се дизајнирани за гејмерите, како и за авторите на содржини.

Многу изненадувања нѐ очекуваат од НВИДИА на претстојната „Гејмском 2018“ конференција, која ќе се одржи меѓу 21 и 25 август, пријави „МаркетВоч“. Премиерата на хардверот со „Тјуринг“ технологијата и уникатниот систем за хибридни пресметки ќе ја промени целосно индустријата и ќе им овозможи создавање на подобар дизајн, пореалистична графика и интерактивни искуства. Новите картички можат да репродуцираат содржината шест пати побрзо во однос на своите „Паскал“ базирани претходници.

Компанијата ќе почне да продава три нови понуди во четвртиот квартал. Тоа се НВИДИА Куадро РTX 8000, Куадро РTX 6000 и Куадро РTX 5000. Првата графичка-картичка ќе има 48ГБ РАМ и ќе се продава на пазарот за 10 илјади долари. Во исто време корисниците ќе можат да купат верзија на Куадро РTX 6000 со 24ГБ меморија за 6.300 долари. Најевтиниот модел од серијата ќе биде Куадро РTX 5000 со почетна цена од 2.300 долари. Архитектурата „Тјуринг“ вклучува и „Тенсор Корс“, кои вршат 500 трилиони пресметки во секунда.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска