Европската Комисија соопшти дека не е задоволна од одговорите на полската влада во врска со независноста на полското судство и дека продолжува со постапката. Полска има еден месец да се усогласи, во спротивно Европската комисија може да одлучи да го испрати случајот на суд.
Европската Комисија одлучи да испрати „образложено мислење“ до полските власти, ова е вториот чекор, што е вториот чекор во прекршочната постапка по формалното соопштение, испратено на 2 јули 2018.
Европската Комисија смета дека полскиот закон за намалување на возраста за пензионирање на судиите во полскиот Врховен Суд ја загрозува независноста на полското судство и европските стандарди.
Прекршочните процедури во ЕУ се поделени на три дела: формално соопштение до националните власти, на кое властите треба да одговорат. Доколку ЕК не е задоволна од одговорот, преминува на “образложено мислење“, со кое властите треба да се усогласат. Во отсуство на задоволителен одговор во овој дел, ЕК може да одлучи да го испрати случајот пред Европскиот Суд за Правда.
По одговорот на полските власти на формалното соопштение, ЕК преминува сега на втората фаза со испраќањето на образложеното мислење денеска.
-Европската Комисија стои на ставот дека полскиот закон за Врховен Суд е некомпатибилен со законодавството на ЕУ бидејќи го поткопува принципот на судска независност, стои во соопштението на ЕК.
-Затоа ЕК премина на следното ниво на прекршочната процедура. Полските власти имаа еден месец да ги преземат потребните мерки на усогласување со ова образложено мислење. Доколку полските власти не ги преземат потребните мерки, Комисијата може да одлучи да го пренесе случајот пред Европскиот Суд за Правда, предупредува Брисел.