Одбележани 67 години од убиството на петтемина струмички студенти

Од:

Пред споменикот на петтемина убиени струмички студенти во 1951 година – Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Јармов, Ѓорѓи Костуранов и Стево Топчев, денеска беа одбележани 67 години од нивното убиство.

За животот и делото на петтемина студенти зборуваше Никола Андонов, претседател на Здружението на политички затвореници. Тој ги повика МАНУ, Архивот на Република Македонија и Институтот за национална историја да пројават желба и да добијат соодветна поддршка од Владата за научно истражување на настанот со убиството на петтемина струмички студенти.

– Историскиот факт за струмичката студентска петорка и другите злодела на комунистичкиот режим треба да се истражат и целосно да се расветлат, како за македонската јавност, така и за меѓународната и пред се поради националните и државните интереси на Република Македонија, порача Никола Андонов, претседател на на Здружението на политички затвореници.

Пред споменикот на петтемина убиени струмички студнти цвеќе положија членови на нивните семејства, градоначалникот и членови на Советот на општина Струмица, политички партии и здруженија на граѓани и претставници на државни институции.

Рецитатори од Домот за деца и млади „Благој Мучето“ од Струмица говореа поезија, а на гробиштата во Струмица беше одржана панахида за петтемина струмички студенти.

Тие се убиени на 13 август 1951 година на планината Беласица, наводно во обид нелегално да ја поминат границата и да побегнат од Македонија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите