Се снима филм по серијата „Entourage“

Од:

Работниот наслов на филмската верзија на популарната HBO серија е едноставно „Entourage – The Movie“, а Варнер Брос конечно и официјално даде зелено светло за проектот за кој се зборува откога серијалот заврши.

Дедлајн пишува дека режисер ќе биде Даг Елин, креаторот на серијата, додека изворната актерска поставка преговара за улогите на големото платно. Се очекува враќање на сите ѕвезди на серијата, пред се Адриан Грение, Кевин Коноли, Кевин Дилон, Џери Ферара и Џереми Пивен.

Авантурите на дружината пријатели во Холивуд, на екраните се појави во 2004 година, а емитувањето траеше осум сезони, се до 2011 кога „Entourage“ заврши.

Во септември 2012 година се појави информацијата дека сценариото е веќе подготвено и дека дејствието на филмот ќе се одвива шест месеци после последната епизода од серијата.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ