ВИДЕО: НАСА конечно ја лансираше соларната сонда „Паркер“

Од:

По неколку одлагања, американската Национална аеронаутичка и вселенска администрација (НАСА) вчера од центарот Кејп Канаверал ја лансираше соларната сонда „Паркер“.

„Паркер“ треба да се доближи на најмало растојание до Сонцето досега, прелетувајќи низ надворешната сончева атмосфера, која беше видлива за време на целосното затемнување на Сонцето во август минатата година.

Предвидено е сондата да се доближи на шест милиони километри до сончевата површина, со што ќе им овозможи на научниците да соберат нови податоци за Сонцето.

По лансирањето на сондата научничката од институтот „Џонс Хопкинс“, Никола Фокс на Твитер објави: „Летај девојо, летај“, порачувајќи дека таа „оди да го допре Сонцето“.

По неколку одлагања поради проблеми со ракетата, НАСА првично го закажа лансирањето на „Паркер“ за во саботата, но тоа беше откажано на 55 секунди пред планираното полетување поради технички причини.

Мисијата на сондата „Паркер“ ќе чини 1,5 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Заглавените астронаути можно е да не да се вратат на Земјата до 2025 година

Предраг Петровиќ

Астронаути се заглавени во вселената, НАСА вели: Можеби нема да се вратат до 2025 година

Горан Наумовски

ВИДЕО: Астронаут на НАСА го сними разорниот ураган од вселената

Катерина Ѓуровски