ДИК апелира граѓаните сами да ги проверат податоците за навремено да се исчисти Избирачкиот список

Од:

Државната изборна комисија (ДИК) апелира до граѓаните да ги проверат своите податоци во Избирачкиот список за време на јавниот увид за есенскиот референдум што трае до 23 август. Од таму нагласуваат дека промените во Избирачкиот список може да се направат само со поднесување соодветна документација.

– Единствен начин за да се решат проблемите е постојано ажурирање на Избирачкиот список. ДИК во соработка со МВР и со Државниот завод за статистика ќе мора постојано да ги ажурира ваквите промени, а апелираме до граѓаните бидејќи тие најчесто ги прават промените постојано, како менување на брачен статус, пријавување и одјавување во државјанство… тие се појавите што најчесто претставуваат проблем. Лицата имаат законска обврска 15 дена да ја пријават промената, меѓутоа сите ние вклучувајќи ме и мене и вас не го правиме тоа навремено, вели претседателот на ДИК, Оловер Дерковски.

Затоа како што државните органи имаат обврска, така и граѓаните имаат обврска да ги пријават промените.

Во однос на некои случаи со повеќе лица на иста адреса, од Комисијата велат дека има постапки што најверојатно се уште е во тек во МВР и дека потоа треба да донесе решение за да може тие лица да бидат отстранети од Избирачкиот список.

Членот на ДИК Јанакие Витановски на денешната седница на Комисијата појасни дека доколку во Избирачкиот список има починати лица членовите на нивното семејство треба да се упатат во подрачните канцеларии на ДИК и со умреница да докажат дека тоа лице е починато за да се тргне од Избирачкиот список. Исто така укажа има многу граѓани кои не ги смениле своите адреси при промена живеалиштето…

На првиот ден од јавниот увид во Избирачкиот список подрачните единици на ДИК и на целата земја проверка направиле 213 граѓани, а во континуитет тоа се прави и електронски преку веб страната на Комисијата. До денеска околу пладне 158 иселеници се пријавиле за изјаснување на референдумот за името во ДКП. Најмногу од нив по 14 се пријавиле во ДКП во Виена, Лондон, Торонто и Љубљана, додека во Берн, Швајцарија се пријавиле 12 државјани на Република Македонија кои живеат во странство.

Членот на ДИК , Елизабета Апостолска укажа дека доколку некој од иселенците се пријави за изјаснување во дипломатско конзуларно претставништво во странство тогаш нема да може да да гласа во Македонија доколку допатува во земјата.

За дилемите во јавноста кој се може да се вклучи во јавната пропаганда освен Собранието како овластен предлагач, Дерковски рече дека станува збор за референдум, а не за изборен процес и оти не треба да се прави аналогија. Па така, јавна пропаганда може да имаат и Владата, и невладините организации и други заинтересирани субјекти. Притоа, тие треба да внимаваат на начинот на финансирање на кампањата.

ДИК денеска на седница донесе одлука појаснувањето во врска со тоа кој е овластен предлагач и кој може да води јавна пропаганда да го вгради во Правилникот за референдумот што беше усвоен на нивната прва седница.

Тој информираше дека Комисијата имала состанок со МВР и со Управата за извршување на санкции за да се реши проблемот со личните документи на затворениците, кои на изборите не можеа да гласаат поради проблеми со личните документи.

Би можело да ве интересира

Борис Кондарко и официјално претседател на ДИК

Чејни: Ќе гласам за Харис, а не за републиканецот Доналд Трамп

Горан Наумовски

ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами

„Европски фронт“ поднесе тужба до Управен суд за прегласувањето во Желино

ДИК ќе одлучува по приговорот од Европскиот фронт

Катерина Ѓуровски

Коалицијата „Европски фронт“ доставила приговор до ДИК за прегласувањето во Желино