Македонските ракометари со победа над Литванија го започнаа шампионатот во Грузија

Од:

Македонската репрезентација за ракометари до 18 години со победа од 32:30 против Литванија, успешно го започна настапот на ЕХФ Шампионатот што се одржува во Тбилиси, Грузија.

Избраниците на Данило Брестовац добро го почнаа натпреварот и рано обезбедија водство кое го одржуваа во текот на целото прво полувреме. На пауза македонските ракометари заминаа со предност од 19:13.

Во второто полувреме Литванија постојано играше 7-6 во напад, а неколкуте промашувања на нашите играчи кон празниот гол на противникот, заедно со неколкуте седмерци за Литванците и исклучувањата во редовите на Македонија, придонесоа разликата сериозно да се намали.

Литванија успеа да се доближи и до само еден гол негатива (26:25), но сепак во клучните моменти нашите ракометари ја задржаа концентрацијата и не дозволија пресврт.

Македонија дојде до ново водство од четири гола разлика во последните минути од средбата (29:25), што всушност и ја обезбеди победата. Во самата завршница Литванија повторно намали, но без сила за пресврт и натпреварот заврши со конечни 32:30 за Македонија.

Ненад Костески со 11 и Мартин Серафимов со девет голови беа најдобри стрелци во македонската репрезентација.

Македонија утре ќе се соочи со репрезентацијата на Луксембург.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

Македонските ракометари во група со Франција и Германија на ЕУРО 2024

Ана Ололовска

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Александар Јовиќ нов тренер на РК Еурофарм Пелистер

Ана Ололовска

Среќно „ракометно реми“ на Еурофарм Пелистер со Агуаш Санташ 27:27

Ана Ололовска