СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се изјаснат за референдумот

Од:

„Цела деценија, во секој јавен настап и во секоја своја програма ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека за решението на спорот со Грција граѓаните ќе го имаат последниот збор на референдум.

Сега кога референдумот е извесен, кога е постигнат историски Договор кој носи членство во НАТО и ЕУ со зачуван идентитет, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат јасен став.

Неодговорното однесување на ВМРО-ДПМНЕ и неговото раководство е штетно за државата и за сите нејзини граѓани.

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да се изјаснат за референдумот и јасно да сопштат за што се.

Дали се за светла иднина или за темно минато?

Дали се членство во НАТО и ЕУ или амнестијата на криминалот им е поважна од се?

Ако се за иднина, ако се членство на Македонија во ЕУ и НАТО ракводстворо на ВМРО-ДПМНЕ треба да излезе и да ги повика своите членови да гласаат на референдумот.

Граѓаните и сите прогресивни сили коишто се обединија околу иднината на земјава нема да дозволат неодговороното однесување на Мицкоски да ја втурне Македонија во нова изолација.

СДСМ заедно со сите политички субјекти и прогресивни сили кои се на страната на иднината, на страната на НАТО и ЕУ, ќе овозможи волјата на граѓаните да биде целосно испочитувана и реализирана.

На референдумот на 30-ти септември, граѓаните ќе изберат светла иднина, ќе изберат членство во НАТО и ЕУ со зачуван и зајакнат идентитет граѓаните ќе кажат ДА за македонската иднина“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски