Компанијата Интел денеска претстави нова серија ССД 525 дискови во мал формат мСАТА, со перформанси од шест гигабајти во секунда.
Во соопштението на компанијата се наведува дека новата ССД 525 серија овозможува преносливо решение за чување податоци на хард диск со големина од 2,5 инчи, наменето за иновативни апликации кои користат Ултрабук или таблет уреди.
Уредот е погоден за надградба на декстоп, ноутбук и ултрабук компјутери, како и за решенија наменети за автомобили, дигитални потписи, вградени видеа и други решенија.
Системите што користат Интел ССД 525 ќе имаат зголемени перформанси за апликации и други мултитаскинг потреби.
Интел ССД дисковите имаат намален ризик за губење на податоци по потреси, вибрации или удари.
Новите дискови на Интел ќе бидат достапни во големина од 30 ГБ, 60 ГБ, 90 ГБ, 120 ГБ, 180 ГБ и 240 ГБ. Компанијата веќе почна со испорака на моделите од 120 и 180 ГБ.