Поставено осветлување на улицата до црквата „Св.Богородица“ во Ранковце

Од:

Поставено е јавно осветлување на улицата која води од регионалниот пат општина Ранковце-село Герман, кон црквата „Прествета Богородица“ во општината.

Градоначалникот на Ранковце Ивица Тошевски информира дека поставени се десет канделабри долж делницата на потег од 500 метри.

– Досега овој пат немаше никакво улично осветлување, а е исклучително фреквентен и постојано се користи за пристап до црквата каде жителите на општината вршат венчавки, крштевања, помени на починатите. На овој потег се лоцирани и гробиштата во Ранковце, така што повеќе од неопходно беше да се постави улично осветлување, истакна Тошевски.

Тој рече дека канделабрите се поставени со средства од буџетот на општината согласно Програмата за јавно осветлување за 2018 година, а помогнале и екипи на ЕВН.

Извршена е и поправка на патот, кој е проширен, расчистен и посипан со употребена асфалтна маса.

Би можело да ве интересира

До Нова година ќе бидат пуштени експресните патишта Прилеп – Градско и Ранковце – Крива Паланка

Патот Ранковце-Крива Паланка ќе биде завршен до Нова година најавија Николоски и Трајановски

Во раните утрински часови локализиран пожарот во Ранковце

Катерина Ѓуровски

Ранковце добива нов систем за наводнување во вредност од 1,7 милиони евра

А1он

Прв регистриран случај со Ковид-19 во Ранковце

А1он

Две тешки кражби во цркви во Општина Ранковце