Непречено се одвива испораката на огревно дрво во Крива Паланка

Од:

Испораката на огревно дрво во Крива Паланка и кривопаланечко се одвива непречено, досега се испорачани над триесет отсто од уплатените количини од страна на физички лица, додека околу шеесет отсто е завршена доставата на огревно дрво до правните субјекти од општината.

Од Јавно претпријатие „Македонски шуми“, Подрачно шумско стопанство „Осогово“ информираат дека за грејна сезона 2018 година склучени биле договори за испорака на огревно и техничко дрво со физички лица, правни субјекти и на тендер биле продадени количини дрва со кои располага стопанството на приватници кои се јавиле на претходно распишан тендер во предвидените сезонски рокови.

– Од страна на физички лица од градот уплатени се 2.400 метри кубни дрва, од кои веќе се испорачани 900 метри кубни, додека правните субјекти уплатиле вкупно 520 метри кубни, од кои над триста заклучно со 31 јули 2018 се веќе испорачани, изјави Звонко Груевски, директор на ЈП „маекдоснки шуми“- подрачно шумско стопанство (ПШС) „Осогово“, Крива Паланка.

Транспортот е дополнително достапен и од склад до краен потрошувач од страна на ПШС „Осогово“, зависно од барањата на купувачите,а може да се врши и со приватен превоз.

– Од страна на приватници кои вршат сеча и транспорт на дрва за огрев, ПШС „Осогово“ има продадено 4.500 метри кубни дрва, од кои крајот на месец јули извезени се 4.070 метри кубни, додава Груевски.

Реонот на Крива Паланка во надлежност на стопанството располага со богата дрвна маса, а тековно, за заштита од бесправна сеча и дрвокрадци контроли на терен врши и шумочуварската служба на ПШС„Осогово“, но и екипи на шумска полиција.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден рудар од Крива Паланка

Во несреќен случај загина маж од Крива Паланка

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ

Наум Поцев го фати чесниот крст од водите на Крива Река

А1он

Селото Дренак во кривопаланечко десетина дена е отсечено поради снегот