Четири приоритетни инфраструктурни проекти во Крива Паланка со Програмата за рурален развој

Од:

Четири инфраструрктурни проекти во руралните подрачја и приградскиот реон се утврдени од страна на Советот на општина Крива Паланка како приоритетни за имплементација со средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година.

Проектите се од различни мерки сограсно Програмата и се однесуваат за обнова и развој на селата, подобрување на квалитетот на живот во селата и развој на инфраструктура во рурални средини, како и зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја.

Според одлуките од 13-та седница на Советот на општина Крива Паланка, утврден е прироритет на проектите: „Изградба и реконструкција на троторарски површини во Крива Паланка со вкупна должина од околу 5.400 метри“, „Изградба на локален пат во село Голема Црцорија-делница од асфалт маала Рупје до маала Баратлици и крак до школо“, во должина од три километри, „Изградба на локална патна инфраструктура Мизовски ливади-село Градец- крак 2“, во должина од 1.400 метри.

Преку Североисточниот плански регион, пак, општината по Програма за финансиска поддршка на руралниот развој ќе аплицира со проектот „Реконструкција на патна инфраструктура за пристапност до манастир Св.Јоаким Осоговски – село Варовиште“, во должина од 2,77 километри.

Покрај овие четири инфраструктурни проекти, во општината тековно се имплементира проектот „Туризам без граници“ со финансиси од ИПА Програмата на ЕУ за прекугранична соработка помеѓу Република Макеоднија и Република Косово, а дел од средствата ќе ги кофинансисра и општина Крива Паланка.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски