И Никола Тодоров остана без полициско обезбедување

Од:

МВР му го укина полициското обезбедување на ексминистерот за здравство, Никола Тодоров, потврдија од Mинистерството.

„По претходно направени проценки за безбедноста и ризикот на поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков и на поранешниот министер за здравство Никола Тодоров беше донесена одлука со која им се укинува полициското обезбедување. Полициско обезбедување не користи ниту поранешниот премиер Емил Димитриев , кој беше дел од техничката влада. Моментално од поранешните функционери користи обезбедување само експремиерот Никола Груевски, кое согласно законот му следува во период колку што му траел мандатот”, изјавија од МВР за ,,Макфакс”.

Тодоров доби обезбедување откако беше нападнат пред министерската зграда од страна на дедото на малата Тамара, Љупчо Стојановски, кој пукаше во него. Ексминистерот користеше обезбедување нешто повеќе од една година. Безбедносната мерка за него стапи на сила во јуни 2017 година.

Последните два месецa се ревидираат безбедносните проценки за сите лица кои досега користеле полициско обезбедување. Најголем дел од поранешните функционери, кои биле опфатени со ревизијата, останале без обезбедување бидејќи било оценето дека нема опасност za нивните животи.

Претходно без обезбедување остана и ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров