По 24-ти декември тешко до коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за Струга

Од:

[staff name=”Мики Трајковски” position=”Автор”][/staff]

Од локалниот огранок на ВМРО-ДПМНЕ во Струга за А1 велат дека доколку СДСМ го поддржи нивниот кандидат за градоначалник кој би бил општо прифатена личност, подготвени се на СДСМ да им го понудат местото претседавач во струшкиот совет, раководни позиции во дел од јавните претпријатија, управните одбори и началници на сектори во општината.

Од партијата велат дека од СДСМ било побарано да им се остави простор за повторна консултација со централната во Скопје, дали да се оди со еден кандидат доколу одат на избори.

Според планот истата понуда најверојатно ќе биде доставена и до ПЕИ на Фијат Цановски, на кои ќе им биде понудено за директорските места по училиштата во населените места каде мнозинство се Торбешите, да одлучуваат тие но и раководното место во секторот за урбанизам во општина Струга. Платофромата како што велат ќе биде врз основа на враќање на стариот сјај и лик на Струга.

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека вчера имало дури и средба на која била изразена подготвеност за заеднички настап со единствен кандидат, и евентуална заедничка советничка листа.

Претседателот на ОК на СДСМ во Струга, Ристе Чушкоски за А1 рече не се видел со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, туку се слушнале само телефонски.

Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Перо Петковски ми се јави само телефонски и побара да се видиме. Но јас му реков дека за сега не можеме да разговараме за ништо бидејки генералната политика на партијата во Скопје е јасна. Пред случувањата во собранието јас имав одврзани раце од претседателот Бранко Црвенковски сами да ја креираме политката за Струга и нашиот настап на локалните избори. Струга е мало место и ние сакале или не се гледаме често со претседателот и со други функционери. Се понатаму зависи од одлуката на централата во Скопје, рече Чушкоски за А1.

Би можело да ве интересира

Изгаснат е пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

ВИДЕО: Гори Безистенот во Струга

Катерина Ѓуровски

Левица: Во јадрото на Старата струшка чаршија се гради незаконски без одобрение за градба

Горан Наумовски

Кривична за стружанец поради предизвикување пожар, запалил трева и ѓубриште, па си заминал

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“