Штип реализира проекти во вредност од 2.600.000 евра

Од:

Општина Штип во моментов реализира над 50 инфраструктурни проекти, чија инвестициска вредност изнесува над 161.471.000 денари, потенцираше на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.

– Во Штип интензивно се градат нови или се санираат и обновуваат вкупно 32 улици во градот. Се градат новите улици во близина на објектот „Луна Комерц“, како и улиците „11 Конгрес“ и 6. и 7. во населба Баби, две улици кај Радански пат и шест улици кај Сончев Град кај населбата Дузлак. За улиците во градот, Општина Штип во моментов вложува вкупно 38.353.441 денари. Предвидена е и изградба на пристапен пат за населбата Суитлак, пристапни улици во населба Горна Железничка, во Блок 2000, како и многу други проекти. Освен за улици, се вложува и во патната инфраструктура, со тоа што се градат нови тротоари, како на пример оној кон Кампус 4 на УГД, но и се обновуваат старите, како тротоарот кон Клиничка болница, на улицата „Козјак планина“, вели Бочварски.

Тој истакна дека во моментов се реконструира игралиштето во населба Блок 2000, а исто така се поставени десет активни зони за вежбање. Се поставуваат канализациски мрежи во населбите Баби и Суитлак и се врши поврзување на новите бунари во системот за бунарско обезбедување со вода што чини 1.200.000 денари. Во село Љуботен се врши реконструкција на водоснабдителниот систем.

– Реализацијата на проектот со обиколницата е во финални чекори, а се очекува наскоро да започне и втората фаза од овој проект. Во финална фаза е и фонтаната кај платото пред пензионерски дом. Обезбедено е улично осветлување за новите изградени улици, и тоа во населбите Сењак 3, во Блок 2000, во населба Баби. Уличното осветлување вкупно ќе чини 1.975.645 денари, вели Бочварски.

Општина Штип треба да почне и со изградбата на новата детска градинка во населбата Сењак, а тендерската постапка треба да заврши на 10 август. За овој проект од буџетот на општината се издвоени 20.279.441 денари, а државата партиципира со 16.592.269 денари.

– Во сите набројани проекти чија вкупна вредност изнесува 161.471.891 денари, Општина Штип партиципира со 142.780.543, а остатокот се добиени од државата. Општина Штип, која во ноември 2017 година имаше само 3 милиони денари на сметката, сега, само десет месеци подоцна, инвестира 142.780.543 денари во инфраструктурни проекти коишто го обезбедуваат долгорочниот раст и развој на нашиот град, рече Бочварски.

Штипскиот градоначалник рече дека во тек се и изработката на документацијата за изградба на брана на река Отиња и за изградба на секундарна гасификациона мрежа во должина од 20 километри.

Би можело да ве интересира

Штипско културно лето започнува на 24 јуни

А1он

Утре ќе биде изменет сообраќајниот режим на експресниот пат Штип – Кочани

(ВИДЕО) Детали за убиството во Штип: Убиецот ја викнал жртвата за да се смират, пиштолот го купил во Скопје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Уапсен е убиецот кој вчера пукаше во кафуле во Штип

Катерина Ѓуровски

Почина студентот од Турција кој беше застрелан синоќа во кафуле во Штип

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се трага по напаѓачот од штипското кафуле кој и побегна на полицијата кај Миладиновци

Катерина Ѓуровски