ФДМ: Референдумот клучен за евроатлантските интеграции на Македонија

Од:

„Форумот за демократска Македонија го поздравува долгоочекуваното распишување на #референдумот за Договорот за името со Република Грција, чиј исход е клучен за евроатлантските интеграции на Република Македонија: долгорочна стратешка определба на мнозинство граѓани на Република #Македонија, како и на членовите на нашата организација.

Форумот строго ја осудува блокадата на распишувањето на референдумот од страна на најголемата опозициска партија во државата и ја доживува како погазување на правото на граѓаните на Република Македонија да ја изразат својата демократска волја, но и на долгорочната, јавна и заедничка определба на двата најголеми политички фактори во државата за референдумско изјаснување по ова прашање.

Воедно, Форумот недвосмислено се противи на секаков обид за условување на референдумскиот процес и на евентуалните уставни промени кои би произлегле од него со амнестија за низата кривични дела за кои се сомничат поединци од претходната власт. Уверени сме дека ваквата амнестија би претставувала фатален удар за владеењето на правото во Република Македонија и за демократскиот кредибилитет на нашата држава.

Дополнително, Форумот изразува одредени резерви околу консултативната природа на претстојниот референдум која има за цел да го неутрализира евентуалниот бојкот. Неизјаснувањето на граѓаните на овој референдум претставува легитимно демократско право, исто како и директното изјаснување со гласање „за“ или „против“.

Во насока на гарантирање аргументиран референдумски дискурс и информирано гласање на 30 септември, Форумот потенцира дека компромисен договор со Република Грција претставува неизбежен услов за евроатлантските интеграции на Република Македонија без оглед на напредокот на внатрешните реформски процеси. Оттука, Форумот ја осудува тенденциозната теза на дел од противниците на Договорот дека овој договор одвраќа внимание од реформските процеси, или претставува одредена замена за нив, кога всушност само ја приближува нашата нација до остварување на долготрајниот стремеж за станување полноправна членка на глобалното семејство на нации.

Форумот потенцира дека разрешувањето на спорот за името со Република Грција е премногу важно за да се сведе на поделба на гласачкото тело на табори според партиски (не)симпатии. Референдумот е дел од поширока визија за иднината на земјата која не треба да врзува со поддршка за СДСМ и за нејзините потфрлања во реформските процеси, ниту пак за ВМРО-ДПМНЕ, која го критикува референдумот без да понуди јасна алтернатива. Референдумското изјаснување е можност граѓаните да покажат сопствено размислување и да донесат одлука во натпартиски контекст.

На крајот, како глобална организација на македонски иселеници од најразлични возрасти и етницитети, Форумот строго ги осудува сите обиди на одредени иселенички организации да го моноползираат дијаспорскиот дискурс и да го прикријат разногласието во дијаспората за ова клучно политичко прашање“, се вели во соопштението на Форумот за демократска Македонија.

Би можело да ве интересира

Мицкоски со дијаспората во Њујорк: Вие сте нашата жива и постојана врска со светот

A1on

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Дијаспората ќе гласа само за претседател, нема доволно пријави за изборите на пратеници

Катерина Ѓуровски

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Дијаспората незаинтересирана за гласање во Македонија: Досега пристигнати 209 пријави

Османи: Има паника кај граѓани во дијаспората дека после 12 февруари ќе ги загубат работните места и дозволите за престој

A1on