Претстои засилена конкуренција на пазарот на гејмерски лаптопи до крајот на 2018-та

Од:

Пазарните набљудувачи предвидуваат дека „Асус“ и „МСИ“, кои доминираат на пазарот на гејмерски лаптопи ќе доживеат сериозни тешкотии во втората половина на 2018 година. Другите водечки производители, како што се „ХП“, „Леново“ и „Дел“, ќе претстават нови модели кои ќе ја засилат конкуренцијата. Сите овие процеси ќе ја спречат доминацијата на „Асус“ и „МСИ“ во овој сегмент, како и во првите шест месеци од годината. Двете компании ќе изгубат позиции, но ќе продолжат да бидат лидери кај лаптопите за видео игри.

Клучен фактор за „ХП“, „Леново“ и „Дел“ ќе биде премиерата на уредите кои имаат прифатлива цена. Премиерата на новите модели исто така ќе биде проследена со разни промоции во некои од најатрактивните пазари. Добар пример во овој поглед се „Леново“, кои следејќи сличен бизнис модел можат да се пофалат дека генерираат околу 30 отсто од продажбите на лаптопи за видео игри во Кина. Аналитичарите велат дека „Дел“, исто така, имаат голема популарност во земјата со слична стратегија.

„Асус“ и „МСИ“ ќе мора да се справат со жестоката конкуренција доколку сакаат да ја задржат својата доминантна позиција во овој сегмент. Ситуацијата се очекува да се стабилизира на почетокот од следната година, кога потрошувачите традиционално се помалку активни. Потребни се неколку последователни квартали за да им се дозволи на компаниите како што се „ХП“, „Леново“ и „Дел“ да заземат едно од првите две места на пазарот за гејмерски машини. Причината е тоа што заедно, „Асус“ и „МСИ“ генерираат скоро 50 отсто од продажбите.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска