Бесплатно користење на јавните површини за време на празниците во Крива Паланка

Од:

Со Одлука на Советот на општина Крива Паланка, донесена на 13-та седница, граѓаните и приватниците можат бесплатно да ги користат јавните површини за време на претстојните празници во градот, големите традиционални фестивали и патрон-празникот на Крива Паланка, св.Јоаким Осоговски.

Од службата за информирање при општината потенцираат дека со Одлуката за бесплатно користење на јавните површини за време на претстојните празници, одреден е периодот од 24 до 29 август 2018 година, а за оваа намена одредени се локации кои по јавно објавување ќе бидат распределени на принципот прв пријавен, прв услужен.

Повикот важи за сите регистрирани субјекти во сферата на угостителството и трговијата, од општината, но и од соседните општини.

Во периодот од 24 до 29 август во општината ќе се одвиваат поголем број традиционални, дел од нив и повеќедневни културни манифестации: Интернационален фолклорен фестивал „Св.Јоаким Осоговски“, рок-фестивал „Џојфест“ со гостување на Рибја Чорба, концерт на Јелена Томашевиќ, централна прослава за Денот на рударите, празнување на верскиот празник Голема Богородица и патрон-светецот на градот свети Јоаким Осоговски, на 29 август.

Пријавување за користење на јавнитe површини се врши во Одделението за урбанизам, сообраќај и заштита на животна средина во локалната самоуправа на општината.

Би можело да ве интересира

Филипче: Сашко Митовски ја доби поддршката за кандидат од СДСМ за втор мандат

Горан Наумовски

Николовски: ВМРО-ДПМНЕ ја закочи државата и ја заборави Крива Паланка

(ВИДЕО) Го врза кучето и го влечеше од автомобилот – кривична за 23 годишник од Крива Паланка

А1он

Тројца насилници од тераса турнале познаник

Предметот за загадувањето на Крива Река ќе го преземе Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Спасовски: Градоначалникот на Крива Паланка шири паника и манипулира пред избори