„Шарп“ ќе стане третиот производител на OЛЕД дисплеи за смартфони

Од:

Паметните телефони со OЛЕД дисплеи нудат повисок квалитет и се соодветно поскапи од конкурентските модели поради технологијата што ја користат.

Во моментов, „Самсунг“ е глобален лидер во производството на OЛЕД панели за мобилни уреди, откако тие генерираат над 90 отсто од испораките, додека другиот корејски гигант ЛГ има удел од 7,7 отсто во овој сегмент.

Но, наскоро, ним ќе се приклучи и „Шарп“, кој не ги крие своите амбиции да стане повлејателно име во оваа индустријата.

„Шарп“ веќе нуди сопствена серија на паметни телефони наречени „Акуос“, кои се опремени со OЛЕД дисплеи.

Компанијата дури официјално потврди дека уште во јуни почнала производство на нова генерација OЛЕД панели и планира да го зголеит својот капацитет до крајот на годината.

Плановите предвидуваат првите смартфони од претстојната серија дисплеи на „Шарп“ да се достапни за корисниците во четвртиот квартал од 2018 година.

Првично ќе се користат производните капацитети што ги користат „СаКаи Дисплеј Продуктс“ (СДП). Во исто време, „Шарп“ има долгогодишно искуство во создавање висококвалитетни технолошки производи во разни сегменти на пазари.

Новата генерација на OЛЕД дисплеи може да се користи од нивните идни паметни телефони, но исто така и да станат дополнителен извор на приходи.

„Шарп“ сака своите ОЛЕД дисплеи да ги лиценцира и продава на други производители во индустријата, во обид да го прошири своето влијание на пазарот на паметни телефони.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска