Microsoft ја претставија целосната верзија на Office 2013, која нема скоро ништо поразлично од она што го видовме во текот на летото. Барем не во однос на изгледот или функционалноста.
Новитетите во Office пакетот е новиот начин на плаќање. Всушност Microsoft се трудат да не насочат кон Office 365 Home Premium Edition – „облачна” верзија на софтверот, која чини $ 100 годишно. Оваа верзија вклучува четири основни апликации (Word, PowerPoint, Excel и OneNote) плус Outlook, календар и двата алатки Access database и Publisher. За споредба, најевтината верзија на Office 2013 – Office 2013 Home and Student – ги содржи само четирите основни програми, но чини $ 40 повеќе од Office 365.
Повеќето апликации се само една од работите кои Microsoft ги ветуваат на идните корисници на Home Premium. Оваа верзија на софтверот нуди и работи како 60 бесплатни минути кон телефонски броеви во Skype месечно (засега само во САД) или пак 20GB капацитет за чување на датотеки во облакот SkyDrive.
Генерално, промените во Office можат да бидат сумирани на следниот начин: апликациите се подредени и поедноставени и се создадени така да максималната ефикасност ја осетат корисниците на таблети.