Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска упати предупредување до Русија, Кина и други земји да не ги кршат санкциите на ОН против Северна Кореја..
На маргините на годишниот форум на Асоцијацијата на држави од југоисточна Азија(АСЕАН) во Сингапур, Помпео пред новинарите изјави дека САД имаат нови, веродостојни извештаи дека Русија ги крши санкциите на ОН со тоа што дозволува заеднички работи со севернокорејски компании и со издавање на нови дозволи на работниците од Северна Кореја.
Министерот за надворешни работи на Северна Кореја од своја страна, дека е се позагрижен од односот на САД кон неговата земја, но изрази цврста решеност за спроведување на на она што беше договорено со Вашингтон во јуни.
САД и Северна Кореја на состанокот на лидерите во Сингапур во јуни се договорија за ставање крај на нуклеарната програма на Пјонгјанг и за склучување мир на Корејскиот Полуостров.
– Северна Кореја е цврста во својата решеност и посветеност за спроведување на заедничката изјава на Северна Кореја и САД на одговорен и совесен начи”, изјави Ри Јонг Хо.
– Она што е алармантна, се упорните обиди во САД за враќање кон поранешната ситуација, спротивно на намерите на нивниот лидер, додаде тој.