Грчки демонстранти од прокомунистичкиот синдикат ПАМЕ се обидоа да навлезат во владина зграда утрово и влегоа во судир со полицијата, која употреби солзавец, за да ги растера.
Еден од демонстрантите беше одведен во болница, а најмалку 20 беа уапсени по судирот со полицијата пред зградата на Министерството за труд и внатре во неа.
Според грчкиот весник „Катимерини“, група од околу 30 членови на синдикатот ја окупирале за извесно време канцеларијата на министерот за труд Јанис Вруцис.
Синдикалците протестираат против планираните реформи во пензискиот и даночниот систем како дел од мерките за штедење. н