ЛДП: Македонија по слобода на медиуми до Венецуела на диктаторот Чавез

Од:

Либерално-демократската партија е крајно загрижена од веста дека Македонија го достигна европското дно во однос на слободата на информирањето.

Реномираната “Репортери без граници”, го објави годишниот извештај во кој Македонија е на 116. место меѓу 179 земји во светот во однос на слободата на информирањето. Од објавената листа, велат од ЛДП, јасно се гледа дека поголема слобода на медиумите има дури и во Нигерија која е пред нас, а веднаш до нас е Венецуела, со режимот на диктаторот Чавез.

Уште позагрижувачки е што се поприсутениот медиумскиот мрак, Македонија ја дефинира како земја со најголем пад на слободата на медиумите во однос на минатата година. Додека соседните земји бележат напредок, (на пример, Србија со 17 места) Македонија во континуитет, со години наназад, бележи пад на оваа листа, ако во 2009 година била на 34. место, годинава со падот од 82 места го достигна историски најниското 116. место. Во анализата на „Репортертери без граници” јасно се наведени причините за ваквата жална состојба во медиумите како што се: судските злоупотреби врз основа на неадекватно законодавство, недостаток на пристап до јавни информации, физичко и психолошко насилство врз оние кои работат на вестите и информациите, употреба на јавните и приватни маркетиншки пазари како алатки, контрола на „сивата“ економија врз клучни делови од медиумите, се вели во соопштението на ЛДП.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство